Што е Factory Reset и дали навистина бриши сe?

Што е Factory Reset и дали навистина бриши сe?

„Factory reset“ е поим што често го слушаме кога телефонот заглавува, е бавен, или кога сакаме да го продадеме. Но што точно значи тоа? Дали навистина брише се? И дали е доволно само да направите ресет ако сакате никој да не може да дојде до вашите податоци?

Во овој текст објаснуваме што е factory reset, како функционира, и што (не) остава зад себе.

Што претставува Factory Reset?

Factory reset, или „враќање на фабрички поставки“, е процес со кој телефонот се враќа во состојба како кога излегол од фабрика – без апликации, фотографии, пораки, контакти и поставки. Се користи кога:

  • Телефонот се однесува чудно или бавно

  • Има софтверски проблеми што не се решаваат на друг начин

  • Сакате да го продадете или подарите уредот

  • Имате вирус

Дали се бриши буквално се?

Краткиот одговор е: речиси се, но не баш 100%.

Factory reset ќе ги избрише сите податоци што ги гледате – слики, видеа, апликации, пораки, логови, лозинки и сл. Но на некои Android уреди, податоците не се физички избришани од меморијата, туку само се „означени“ како избришани, што значи дека може да се вратат со специјален софтвер. Кај iPhone, тоа е помалку веројатно поради вградената енкрипција, но пак – не е апсолутно невозможно.

Ако вашиот телефон содржел чувствителни податоци (на пр. банкарски информации, лични фотографии, документи), само factory reset не е доволен ако сакате да бидете 100% сигурни дека некој не може да ги врати.

Како да се заштитите доколку продавате телефон?

  1. Пред фабричкиот ресет, логирајте се и исклучете ги сите сметки – особено Google или Apple ID. Ако остане активна сметката, следниот корисник нема да може да го активира телефонот (и ќе изгледа како украден).

  2. Направете бекап ако сакате да ги зачувате податоците.

  3. По ресетот, не внесувајте повторно сметки – оставете го телефонот „чист“.

  4. Ако сакате целосна безбедност, пред ресетот наполнете го телефонот со безвредни податоци (пример: снимки и фејк фајлови), па повторно направете reset. Така ќе се „покрие“ старата содржина.