„Factory reset“ е поим што често го слушаме кога телефонот заглавува, е бавен, или кога сакаме да го продадеме. Но што точно значи тоа? Дали навистина брише се? И дали е доволно само да направите ресет ако сакате никој да не може да дојде до вашите податоци?
Во овој текст објаснуваме што е factory reset, како функционира, и што (не) остава зад себе.
Што претставува Factory Reset?
Factory reset, или „враќање на фабрички поставки“, е процес со кој телефонот се враќа во состојба како кога излегол од фабрика – без апликации, фотографии, пораки, контакти и поставки. Се користи кога:
-
Телефонот се однесува чудно или бавно
-
Има софтверски проблеми што не се решаваат на друг начин
-
Сакате да го продадете или подарите уредот
-
Имате вирус
Дали се бриши буквално се?
Краткиот одговор е: речиси се, но не баш 100%.
Factory reset ќе ги избрише сите податоци што ги гледате – слики, видеа, апликации, пораки, логови, лозинки и сл. Но на некои Android уреди, податоците не се физички избришани од меморијата, туку само се „означени“ како избришани, што значи дека може да се вратат со специјален софтвер. Кај iPhone, тоа е помалку веројатно поради вградената енкрипција, но пак – не е апсолутно невозможно.
Ако вашиот телефон содржел чувствителни податоци (на пр. банкарски информации, лични фотографии, документи), само factory reset не е доволен ако сакате да бидете 100% сигурни дека некој не може да ги врати.
Како да се заштитите доколку продавате телефон?
-
Пред фабричкиот ресет, логирајте се и исклучете ги сите сметки – особено Google или Apple ID. Ако остане активна сметката, следниот корисник нема да може да го активира телефонот (и ќе изгледа како украден).
-
Направете бекап ако сакате да ги зачувате податоците.
-
По ресетот, не внесувајте повторно сметки – оставете го телефонот „чист“.
-
Ако сакате целосна безбедност, пред ресетот наполнете го телефонот со безвредни податоци (пример: снимки и фејк фајлови), па повторно направете reset. Така ќе се „покрие“ старата содржина.
